БалканБалкан.Портал

Курц: Ако ја пробијат грчката граница, мигрантите тие ќе бидат запрени на Западен Балкан

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека постои тројна безбедносна мрежа за да не се повтори мигрантската криза од 2015 година, која предвидува мигрантите да бидат запрени на Западен Балкан доколку ја пробијат грчката граница.

Виена, 5 март 2020 (МИА) – Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека постои тројна безбедносна мрежа за да не се повтори мигрантската криза од 2015 година, која предвидува мигрантите да бидат запрени на Западен Балкан доколку ја пробијат грчката граница.

– Постои тројна мрежа. Првата е дека грчката Влада, за разлика од порано, е одлучна во одбраната на надворешната граница на ЕУ. Ние сме во близок контакт со пријателите во Западен Балкан, и тие се подготвени, во случај на пробивање на грчката граница, да ја заштитат својата и да не дозволат пропуштање на мигранти. Трето, министерот за внатрешни работи е подготвен да ја заштити границата на Австрија од пробив на мигранти. На тој начин ќе се спречи нова мигрантска криза како онаа во 2015 година, рече Курц во интервју за виенскиот весник „Кронен Цајтунг“.

Тој предупреди дека доколку ЕУ дозволи влез на бегалците кои моментално се наоѓаат на турско-грчката граница, милиони ќе тргнат на пат.

Според него, сега е најважно на Грција да и се даде што е можно поголема поддршка и ЕУ да испрати јасна порака која мора да биде дека нема да дозволи уцени од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Курц изјави дека сегашната состојба не е случајност, туку свесен, организиран напад на Турција.

– На тие луѓе им е дадена лажна надеж. И тие делумно со турски автобуси се пренесени до границата, рече тој, додавајќи дека е драматично тоа што Турција ги злоупотребува страдањата на тие луѓе.

Тој апелираше до Европејците, кои зборуваат за потребата да се заштитат надворешните граници, да не потклекнуваат на притисокот на Ердоган и да ја поддржат Грција затоа што земјата сега го прави она што тие го бараа – заштита на надворешната граница на ЕУ.

Курц истакна дека ЕУ мора да испрати јасна порака дека нема право на азил за лица кои не се во опасност, и додаде дека многумина од оние што моментно се наоѓаат на турско-грчката граница не доаѓаат од Сирија, туку со години живеат во Турција, каде што не се загрозени. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close