Svet.SlajderСветСвет.Портал

Куомо: Градоначалникот на Њујорк Бил Де Бласио и полицијата не ја завршија својата работа

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо, изјави дека полицијата во Њујорк „не ја заврши својата работа“ затоа што не успеаа да ги спречи грабежите и другите криминални активности за време на протестот за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Њујорк, 3 јуни 2020 (МИА) – Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо, изјави дека полицијата во Њујорк „не ја заврши својата работа“ затоа што не успеаа да ги спречи грабежите и другите криминални активности за време на протестот за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Куомо, исто така, кажа дека демократскиот градоначалник на Њујорк, Бил де Бласио, не го разбрал обемот на протестот, за што иницијална каписла беше убиството на невооружениот Флојд за време на неговото насилно апсење во Минеаполис минатата недела.

Гувернерот рече дека полицискиот оддел во Њујорк, во кој има 38.000 полицајци, требало да распореди повеќе сили за да ги спречи грабежите и вандализмот, соопштија американските медиуми.

-Њујорк и градоначалникот не ја завршија својата работа. Мислам дека градоначалникот го потцени обемот на проблемот, додаде тој.

Демократскиот гувернер Куомо на прес конференција го критикуваше републиканскиот претседател Доналд Трамп за, како што кажа, неговиот лош одговор на протестите низ целата земја.

Куомо изјави дека Трамп ја користи својата позиција за акцентот да се стави  врз луѓето кои крадат, така што „тој не би морал да зборува за убиството на Џорџ Флојд“. сд/

Back to top button
Close
Close