Дописници МКДОпштински вести

Кумановското средно училиште „Наце Буѓони“ дел од еколошки проект

Кумановското средно училиште „Наце Буѓони“ во партнерство со католичката гимназија „Петар Барбарин“ од Травник, Босна и Херцеговина, економското-трговско училиште од Кикинда, Србија започна со имплементација на проектот „# 3 for Eco“ финансиски поддржан од програмата на „RYCO“, информираа денеска надлежните од училиштето.

Куманово, 3 февруари 2020 (МИА) – Кумановското средно училиште „Наце  Буѓони“ во партнерство со католичката гимназија „Петар Барбарин“ од Травник, Босна и Херцеговина, економското-трговско училиште од Кикинда, Србија започна со имплементација на проектот „# 3 for Eco“ финансиски поддржан од програмата на  RYCO“, информираа денеска надлежните од училиштето. 

По тој повод неодамна, во Травник присуствуваше делегација од училиштето на церемонијата за  потпишување на Меморандум за соработка меѓу трите училишта. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Северна Македонија во БиХ Екрем Ебиби, преставник на секретеријатот при Амбасадата, Ристе Велковски и градоначалникот на Травник, Адмир Хаџиемриќ.

– Проектот има за цел преку мобилност на младите од трите држави со одредени активности да придонесат во зачувување на планетата. Во месец март ќе бидат спроведени активности во Куманово, во мај во Кикинда и во јули во Травник. Проектот ќе трае седум месеци, информираше директорот на училиштето, Драган Јаневски.

Учениците од трите училишта, во Куманово ќе го чистат паркот и дворот на „Наце Буѓони“. Во рамки на посетата на државата, учениците од Травник и од Кикинда ќе посетат планински места, ќе изработуваат експонати од материјали за рециклирање. ам/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close