Дописници МКДОпштински вести

Кумановското претпријатие „Чистота и зеленило“ набави два камиони за собирање смет

Кумановското јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ со сопствени средства набави две нови возила за собирање смет. За набавка на двете возила со кои ќе се подига сметот од потесните улици во Куманово, претпријатието одвои пет милиони денари.

Куманово, 3 јуни 2020 (МИА)Кумановското јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ со сопствени средства набави две нови возила за собирање смет. За набавка на двете возила со кои ќе се подига сметот од потесните улици во Куманово, претпријатието одвои пет милиони денари.

Се надевам дека со возилата ќе ја подобриме услугата кон граѓаните. Би сакал да апелирам до граѓаните да внимаваат и непропосно да не ги паркираат своите возила, бидејќи тоа претставува најголем проблем во работењето на јавното претпријатие за да можат вработените непречено да ги вршат  работни обврски – изјави директорот на претпријатието Даниел Стојчевски.

Општина Куманово заедно со општините од североисточниот и источниот регион преку проект заеднички ќе го депонираат сметот на една локација и во рамки на овој проект се очекува Куманово да добие одреден број возила за изнесување смет.

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ располага со 17 возила за собирање смет. ам/ир

Таг
Back to top button
Close
Close