0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

„Кумановско-липковско поле“ продолжува со инвестиции и годинава

Акумулациите Глажња и Липково се исполнети над 60 проценти и вода има околу 15 милиони кубни метри, информираа на денешната прес-конференција, надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Во инвестиционата програма на Владата, која ќе се реализира преку Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, кумановската подружница, доставила проект за реконструкција и санација на затворачите на двете брани.

Куманово, 2 февруари 2021 (МИА)  –  Акумулациите Глажња и Липково се исполнети над 60 проценти и вода има околу 15 милиони кубни метри, информираа на денешната прес-конференција, надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“.

Во инвестиционата програма на Владата, која ќе се реализира преку Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, кумановската подружница, доставила проект за реконструкција и санација на затворачите на двете брани.

– Тие се сервисираат на 20 години и до мај ќе ја завршиме на браната Глажња, а до крајот на годинава и на браната Липково, изјави директорот на „Кумановско-липковско поле“, Оливер Илиевски.

За наредната година доставен е проект за санација на четвртата гранка на системот за наводнување преку која вода добива и јавното претпријатие „Водовод“.

Проектот за Слупчанска брана, рече Илиевски го води Управата за водостопанство од МЗШВ и тој очекува дека годинава ќе се распише тендерската постапка за која нагласи рокот за изградба е четири години.

Тој вели дела преку ова брана ќе има цевковод кој ќе се спои со постоечкиот систем на водостопанство, со што ќе се обезбеди дополнително акумулирање на вода за непречено снабдување на општините Куманово и Липково. Од таа брана ќе има можност за наводнување на дополнителни 1.500 хектари земјиште за наводнување.

За оваа година претпријатието планира да регулира 5.000 метри речни корита и околу 2.000 метри одводни канали.

– По излевањето на реките работевме на потегот од Бељаковце до Клечовце, во моментов екипите се кај Пчиња кај Меморијалниот центар АСНОМ, но нивото е малку повисоко поради дождовите во Србија, изјави Илиевски.

Во последниве три години, нагласува Илиевски испораката на вода кон јавното претпријатие „Водовод“ се одвива непрекинато во сите периоди од годината.

– Прв пат по долги години третиот вод т.н. бајпас не се исклучува по сезоната за наводнување туку дел од шахтите се блиндираат и повторно се пушта водата до ЈП „Водовод“ Куманово. Со ова му овозможуваме на градот да не користи бунари, пумпи да не троши електрична енергија-изјави Илиевски.

Тој рече дека на исклучително добро ниво се односите помеѓу двете претпријатија, кои во минатото имаа недоразбирања, особено по однос на цената, за која додаде дека од јануари 2019 е намалена од 6,4 на 3,2 денари за метар кубен.

– Со ова овозможуваме средствата кои „Водовод“ ги заштедува да се инвестираат во други проекти, градот има заштеда од 42 милиони денари за овие две години, изјави Илиевски.

Во изминативе три години регуларни се 17.300 метри речни корита и 12.600 одводни канали, имало и 910 интервенции на системот за наводнување. Тој потсети дека сегашното раководство поднело седум кривични пријави за работата на претходното раководство и вработени во ова претпријатие.ам/см/

 

Back to top button
Close
Close