Дописници МКДЕкономијаОпштински вести

Кумановските угостители се приклучија на протестот со колегите од државата

Здружението на угостители „Бисер“ од Куманово, се приклучија на протестот на угостителите кој се одржува во Скопје во организација на угостителско-туристичката комора.

Куманово, 20 април 2021 (МИА) – Здружението на угостители „Бисер“ од Куманово, се приклучија на протестот на угостителите кој се одржува во Скопје во организација на угостителско-туристичката комора.

Од пред паркинг просторот пред комплексот базени Куманово, угостителите побараа континуирана финансиска поддршка.

– Бараме конкретна помош, не позајмици, кредити коишто се достасани од првите ковид мерки кои ги добивме лани, бараме еднократна финансиска помош во три категории во зависност од големината и бројот на вработените, финансиска помош за угостителските објекти кои 14 месеци не работат, рестораните за свадби, ноќни клубови и мораториум на сите кредити и камати кои ги имаме кон комерцијалните банки и развојната банка коишто ги добивме како ковид мерка-изјави, претседателот на здружението, Тони Димитриевски.

Претходно, здружението одржа и средба со пратеници и локална власт од Куманово и бараа изгласување на петтиот пакет мерки.

– Сега треба да почне да аплицираме, вели Димитриевски.

Угостителите велат дека станува сè потешко за работа. Во здружението „Бисер“ членуваат над 50- тина субјекти кои гнереираат помеѓу 2 и 3000 вработени лица. ам/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close