Дописници МКДОпштински вести

Кумановските пожарникари добија нова опрема за гаснење пожар на отворено

Кумановските пожарникари добија нова униформа која ја обезбеди Општина Куманово. Набавени се 33 комплети, летна опрема за гаснење пожари на отворен простор, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на денешната промоција на униформите во дворот на територијалната противпожарна единица.

Куманово, 7 септември 2020 (МИА) – Кумановските пожарникари добија нова униформа која ја обезбеди Општина Куманово. Набавени се 33 комплети, летна опрема за гаснење пожари на отворен простор, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на денешната промоција на униформите во дворот на територијалната противпожарна единица.
Тој на пожарникарите им посака помал број интервенции.
-Опремата чини милион и 300.000 денари, одвоени се средства со одлука на Советот. Ќе продолжиме да ја доопремуваме противпожарната единица, имаме наследено стара опрема, Куманово заслужува, изјави Димитриевски.
Тој потсети дека претходно е обезбедено теренско возило и дека лани беа набавени зимски професионални униформи за кои општината одвои 30 милиони денари.
Командирот на ТППЕ Куманово Дејан Илиевски рече дека опремата им значи многу и изрази надеж дека во иднина ќе се продолжи со доопремување и доекипирање на единицата што ќе придонесе за поквалитетно извршување на задачите. Тој вели дека располагаат со постари, но функционални возила, со кои редовно одговараат на задачите.
– Во однос на минатата година има намален број пожари, благодарение на временските услови и поради пандемијата, граѓаните не излегуваа, рече Илиевски.
Промоцијата на новата опрема беше извршена по повод 8 Септември – Денот на независноста. ам/мд/

Back to top button
Close
Close