Kultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.Портал

Кумановскиот театар со онлајн-претстава по повод 27 Март

По повод Светскиот ден на театарот 27 Март,  Кумановскиот театар денеска онлајн ќе ја прикаже  култната претстава „Гејм овер“ (Game Over) по сценарио и режија на Сашо Миленковски, соопшти Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

Куманово, 27 март 2020 (МИА) – По повод Светскиот ден на театарот 27 Март,  Кумановскиот театар денеска онлајн ќе ја прикаже култната претстава „Гејм овер“ (Game Over) по сценарио и режија на Сашо Миленковски, соопшти Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.
Оттаму информираат дека претставата е премиерно изведена од Кумановскиот театар во јануари 1993 година. Инспирирана е од  драмата „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле и е препозната како прва постмодернистичка претстава во Македонија.
До 1996 година „Гејм овер“ имала над 60 изведби. Одиграна е на многу фестивали во земјава и во странство, а во 1993 година е прогласена за апсолутен победник на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Во претставата играат Љубица Гојковиќ, Верица Ристоска, Горан Илиќ, Митко Апостоловски. Музиката е на Венко Серафимов, а сценографијата на Љубиша Јовановски. ам/хс/

Back to top button
Close
Close