0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Кумановскиот Црвен крст им подели хуманитарни пакети на ранливи категории граѓани

Црвен крст Куманово во рамки на Недела на Црвен крст и Црвената полумесечина, која се одбележува од 8 до 15 мај, подели прехранбени пакети за социјално загрозените семејства во општина Куманово и приградските населби, информираа денеска надлежните од организацијата.

Куманово, 15 мај 2020 (МИА)Црвен крст Куманово во рамки на Недела на Црвен крст и Црвената полумесечина, која се одбележува од 8 до 15 мај, подели прехранбени пакети за социјално загрозените семејства во општина Куманово и приградските населби, информираа денеска надлежните од организацијата.

Претходно, прехранбени пакети им биле дистрибуирани на ранливи категории жители во козјачкиот регион. Од вчера, во коориднација со МТСП, Црвениот крст Куманово почна со поделба на прехранбени и хигиенски пакети за самохрани родители и жртви на семејно насилство.

Општинската организација од пред неколку дена повоторно ја активираше телефонската линија за психолошка поддршка на граѓаните и жителите на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Заинтересираните можат да се обратат на  телефонскиот број 076/787-412 секој работен ден од 10 до 14 часот, и да добијат психосоцијална поддршка за полесно справување со стресот, предизвикан од актуелната состојба со епидемијата со КОВИД-19.  Линијата ќе биде отворена до јули годинава.

-Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв, со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Нема ризик за добивање на КОВИД-19 преку процесот на крводарување, бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија на крв, повика Бојан Петрушевски, секретар на општинската организација.

Крводарителската акција  ќе се одржи на 28 мај 2020 (четврток) во Трансфузиологија Куманово од 9 до 14 часот. ам/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close