Некатегоризирано

Кумановскиот центар за социјални работи почна со обнова на документи за родителски додаток за трето и четврто дете

Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Куманово ги информира корисниците на додаток за трето и четврто дете, дека почна со прием на барања за годишна обнова на стекнатите права за родителски додаток за трето и четврто дете, кое се спроведува согласно Законот за заштита на децата.

Куманово, 9 јануари 2020 (МИА) –  Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Куманово ги информира корисниците на додаток за трето и четврто дете, дека почна со прием на барања за годишна обнова на стекнатите права за родителски додаток за трето и четврто дете, кое се спроведува согласно Законот за заштита на децата.
– Прием на документите за продолжување на правото на родителски додаток за трето и четврто дете ќе трае до 31.03.2020 година, а  освен барањето број 5. потребно еда се достават и лична карта на носителот на правото на увид, изјава од мајката дека не живее и не работи во странство, доказ дека не и е одземено родителското право на мајката над децата од претходниот ред на раѓање-издаден од надлежниот суд, доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се остварува правото, потврда дека детето за кое се остварува правото е запишано и редовно ја следи наставата во основно училиште издадена од установата во која е запишано, изјави директорот на установата, Александра Арсовска.
Додаток за трето дете користат 2.540, а за четврто 84 корисници од подрачјето на трите општини.
Корисниците на правото кои живеат на територија на Општина Куманово документи треба да ги достават кај стручен работник во Центарот според адресата на живеење. Корисниците на правото кои живеат на територија на Општина Липково документите треба да ги достават во канцелариите на службата во Општина Липково, додека корисниците на правото кои живеат на територија на Општина Старо Нагоричане документите треба да ги достават во канцеларијата на Центарот во Општина Старо Нагоричане. ам/сст/

Back to top button
Close
Close