Дописници МКДОпштински вести

Кумановската противпожарна единица доби 40 пумпи за гасење пожар на отворен простор

Пожарникарите од кумановската противпожарна единица добија 40 пумпи за гасење на пожар на отворен простор, соопштија денеска од Територијалната противпожарна единица Куманово. Опремата е набавена од средства на Општина Куманово и денеска беше доставена до противпожарната единица.

Куманово, 22 јули 2021 (МИА) – Пожарникарите од кумановската противпожарна единица добија 40 пумпи за гасење на пожар на отворен простор, соопштија денеска од Територијалната противпожарна единица Куманово. Опремата е набавена од средства на Општина Куманово и денеска беше доставена до противпожарната единица.

– Вакви пумпи во летниот период се добредојдени, можам да кажам во вистинско време кога има поголем број интервенции на отворен простор, изјави командирот на ТППЕ Куманово Дејан Илиевски.

Кумановските пожарникари од почетокот на јули досега имале интервенции, од кои поголем дел на пожари на отворен простор, дел од интервенции се пожари на куќи, објекти и патнички моторни возила.

– Апелирам до граѓаните да бидат особено внимателни при палење на огин на отворено, а овој период да се искористи и да се исчистат оџаците, изјави Илиевски.

ТППЕ Куманово располага со осум противпожарни, две теренски возила и 50-тина пожарникари кои интервенираат во Куманово и Липково. ам/ки/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close