0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Кумановската болница подготви план за работење на амбулантите, се чека проценка од надлежните здравствени институции

Кумановската болница доставила план до Министерството за здравство за почнување со работа на амбулантите, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа. Планот е доставен до електронскиот систем „Мој термин“.

Куманово, 15 мај 2020 (МИА)Кумановската болница доставила план до Министерството за здравство за почнување со работа на амбулантите, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа. Планот е доставен до електронскиот систем „Мој термин“.
– Амбулантите треба да достават термини, да ги нема упатите што важат по недела дена, туку само итни и термински, но термини би се пуштале ограничено за период од еден ден. Ние го доставивме овој план до „Мој термин“ и чекаме зелено светло од нив да ни одобрат да видиме кога би можеле да отпочнеме со работа. Ако тоа биде во тек на наредната недела, навреме ќе известиме. Амбулантите се подготвени, персоналот е екипиран, така што од таа страна немаме проблеми, меѓутоа веројатно е потребно да е направи  подетелна анализа и од Комисијата за заразни болести и од Комисијата за здравство за да добиеме зелено светло за отпочнување со работа на амбулантите, изјави директорката на болницата Снежана Захариева.
Таа додаде дека е факт дека пациентите се нестрпливи, навистина имаат потреба од здравствена заштита и на нам не ни е драго што сите што  доаѓаат,  доаѓаат како итни случаи, дали во вечерните часови, дали преку ден, преку ден пак, се згрижуваат кај матичните лекари, меѓутоа факт е дека расте бројот на прегледи и во хируршката амбуланта и во амбулантата во Ургентниот центар, на Интерниот оддел исто така, и хоспитализации и прегледи се повеќе,  така што условите од страна на  нашата установа и желба на пациентите има, но треба да се направи проценка дали е безбедно и колку пациенти може да примиме.
Амбулантите од болницата ќе ги запазат сите насоки, препораки на Светската здравствена организација и Министертвото за здравство, за почеток од амбулантското работење ќе има контрола дали пациентите држат растојание, дали носат заштитна опрема, а со тек на време, очекуваат надлежните, пациентите ќе се привикнат на поинаквите услови во кои ќе се функционира.
Болницата е добро екипирана, вратени се здравствените работници кои беа позитивни на Ковид-19, сите одделенија работат непречено, додава Захариева. ам/вг/

Back to top button
Close
Close