Дописници МКДОпштество

Кумановската болница го реновираше стариот ургентен центар

Кумановската општа болница со сопствени средства го реновираше стариот Ургентен центар што се наоѓа непосредно до новоизградениот. Претходно, во овој центар се создаваше метеж, но по изградбата на новиот центар се ослободи дополнителен простор за работа и прием на пациентите. Во рамки на центарот функционира дневна болница, а има и добра поврзаност со новиот ургентен центар.

Back to top button
Close
Close