0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Куманово воведе дополнителна телефонска линија за ранливи категории граѓани

Општина Куманово воведе уште една телефонска линија, 075 323 569, каде социјално најзагрозените семејства ќе можат да се пријавуваат за пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена и дезинфекција.

Куманово, 6 април 2020 (МИА) – Општина Куманово воведе уште една телефонска линија, 075 323 569, каде социјално најзагрозените семејства ќе можат да се пријавуваат за пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена и дезинфекција.
Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации (информации за дежурни аптеки, дежурни маркети, начин на спроведување на услуги на институциите во градот, мерките и препораки донесени од Влада на Република Северна Македонија и од Општинскиот штаб за заштита и спасување).
Општина Куманово воведе услуга за асистенција на болни и изнемоштени граѓани. Овие категории на лица ќе можат да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 71 94 94 , по што од страна на лице од општината  и Црвен Крст ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови, а за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците. ам/цр

Back to top button
Close
Close