0_Спорт.ПорталРакометСпорт

Куманово обезбеди финале во женскиот ракометен Куп

Екипата на Куманово попладнево го совлада Металург со 27:23 (13:12), во првиот полуфинален натпревар во завршницата од Македонскиот ракометен куп во женска конкуренција.

Скопје, 14 мај 2021 (МИА) – Екипата на Куманово попладнево го совлада Металург со 27:23 (13:12), во првиот полуфинален натпревар во завршницата од Македонскиот ракометен Куп во женска конкуренција.

Куманово на патот до финалето го предводеше триото Александра Боризовска, Амела Џакми и Ангела Јанкуловска, кои беа најефикасни во победничкиот состав, со по шест голови.

Противникот на Куманово, во финалето што викендов ќе се игра во салата „Автокоманда“ во Скопје, ќе биде победникот од вечерашниот дуел меѓу Вардар и Чаир. ег/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close