Дописници МКДОпштински вести

Куманово објави оглас за избор на компанија за обнова на улици и тротоари

Општина Куманово објави оглас за избор на компанија која ќе ги обновува сообраќајниците и тротоарите со бекатон плочки. Од општинското Одделение за јавни набавки информираа дека за оваа намена е предвидено  да се одвојат три милиони денари без вклучен ДДВ.

Куманово, 27 февруари 2021 (МИА) – Општина Куманово објави оглас за избор на компанија која ќе ги обновува сообраќајниците и тротоарите со бекатон плочки. Од општинското Одделение за јавни набавки информираа дека за оваа намена е предвидено  да се одвојат три милиони денари без вклучен ДДВ.

Операторите треба да достават соодветна документација и да поседуваат потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран и лиценца Б за изведување градби од втора категорија, издадена од Министерството за транспорт и врски. Компаниите треба да имаат соодветна градежна механизација и да имаат стручен кадар.

Отворањето на понудите е закажано за 10 март 2021. Оваа набавка е прва која ќе се спроведува во текот на првото тримесечје. Инаку, со планираниот буџет од Општина Куманово за обнова на улиците и тротоарите со бекатон, за годинава планирано е  да се одвојат десет милиони денари. ам/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close