0_Македонија.ПорталМКДОпштество

Куманово објави два јавни огласи за изградба на пешачка патека во урбана заедница и реконструкција на улици во приградски наслеби

Општина Куманово објави два одделни огласи за изградба на пешачка патека и за реконструкција на две улици во приградска населба, соопштија денеска надлежните од одделението за јавни набавки од општина Куманово. Заинтересираните компании можат да достават понуди до први март, годинава кога е закажано отворање на понудите во општината.

Куманово, 17 февруари 2021 (МИА) – Општина Куманово објави два одделни огласи за изградба на пешачка патека и за реконструкција на две улици во приградска населба, соопштија денеска надлежните од одделението за јавни набавки од општина Куманово. Заинтересираните компании можат да достават понуди до први март, годинава кога е закажано отворање на понудите во општината.

За изградба на пешачка патека и дел од улицата „АСНОМ“, од. „Васко Карангелевски“ и „АСНОМ“ општината планира да одвои 5 милиони 254 илјади денари без вклучен ДДВ. Економските оператори треба да достават потврда за регистрирана дејност, дозвола од Министерството за транспорт и врски, да оствариле позитивен финансиски резултат последниве три години и да располагаат со соодветна механизација за изведување на градежни активности на терен.

За реконструкција на улицата „120“ во населбата „Карпош“ и улицата „252“ во „Ајдучка Чешма“, општината планира да одвои 4 милиони 420 илјади денари. Операторите треба да достават соодветна документација, дозвола од ресорното министерство, да имаат соодветна механизација.

И за двете јавни набавки, заинтересираните компании можат да постават прашања до 23 февруари, годинава.ам/свс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close