0_Спорт.ПорталКошарка

Куманово на гостински терен го совлада МЗТ Скопје

Во заостанат натпревар од 20. коло во Првата македонска кошаркарска лига, Куманово вечерва го победи МЗТ Скопје Аеродром на гостински терен со 83:76.

Скопје, 5 мај 2021 (МИА) – Во заостанат натпревар од 20. коло во Првата македонска кошаркарска лига, Куманово вечерва го победи МЗТ Скопје Аеродром на гостински терен со 83:76.

По овој пораз, МЗТ Скопје Аеродром ги загуби и теоретските шанси за првото место на табелата во регуларниот дел од Првата лига. Кумановци со новите два бода може да се надеваат и на некое место погоре на табелата во пресрет на плеј-офот.

МЗТ има биланс 14-7 е трет на табелата, додека Куманово е со ефект 12-9 е на делба на петтата позиција.

До крајот на регуларниот дел, на двете екипи им останува да одиграат уште по еден натпревар. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close