КошаркаСпорт

Куманово и ТФТ ги дознаа ривалите за втората фаза во БИБЛ лигата

Македонските претставници во БИБЛ лигата, Куманово и ТФТ Скопје, денеска го дознаа составот на групите од втората фаза во регионалното кошаркарско натпреварување.

Софија, 5 февруари 2021 (МИА) – Македонските претставници во БИБЛ лигата, Куманово и ТФТ Скопје, денеска го дознаа составот на групите од втората фаза во регионалното кошаркарско натпреварување.

Денешната жрепка во Софија ја смести екипата на Куманово во групата Г, заедно со израелски Хапоел Холон и бугарски Академик Пловдив.

Кошаркарите на ТФТ Скопје ги продолжуваат настапите во својата дебитантска сезона во БИБЛ лигата во групата Ф, заедно со Берое од Бугарија и Хапоел Гилбоа Галил од Израел.

Распоредот на натреварите од втората рунда во регионалната лига ќе биде објавен наскоро, а пласман на завршниот Ф4 турнир ќе обезбедат двете најдобро пласирани екипи од двете групи.ег/оџ

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close