0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Куман за Меси: Не знам дали ќе треба да го убедувам да остане (видео)

Новиот тренер на Барселона, Роналд Коман ја коментираше темата за иднината на Лионел Меси на „Камп Ноу“.

Барселона, 19 август 2020 (МИА) – Новиот тренер на Барселона, Роналд Коман ја коментираше темата за иднината на Лионел Меси на „Камп Ноу“.

– Не знам дали ќе морам да го убедувам да остане. Тој е најдобриот играч во светот и сакате да го имате во вашиот тим, а не обратно. Меси победува натпревари. Тој е фудбалер на Барселона, има договор. Од денес ќе работиме и разговараме со играчите. Се надевам дека тој ќе остане тука уште неколку години. Како ќе го убедам? Ова е лично. Јас сум тренер за да донесувам одлуки. Меси е играч на Барселона, рече Куман за време на својата презентација.

Таг
Back to top button
Close
Close