0_Спорт.ПорталФудбал

Куман верува дека Барселона може да ја надомести предноста на Севилја

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, зборуваше за поразот на неговиот тим на првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Шпанија со Севилја (0:2).

Барселона, 11 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Барселона, Роналд Куман, зборуваше за поразот на неговиот тим на првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Шпанија со Севилја (0:2).

– Се движиме кон подобро. Тимот се бори за секоја топка. Одигравме одлично, но ни се спротивстави добра и силна екипа. Доминиравме во натпреварот и нашите шанси беа подобри. Мислам дека имаше удар од пенал за Алба. Чудно е, кога има ВАР, мора да видите дека постоеше пенал. Верувам дека во реваншот можеме да ја анулираме негативата, изјави холандскиот стручњак.

Возвратниот натпревар е закажан за 3 март на теренот на Барселона. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close