0_Спорт.ПорталФудбал

Куман: УЕФА не обрнува внимание на бројот на натпревари што ги играат играчите, само парите се важни за нив

Тренерот на Барселона, Роналд Куман ги критикуваше организаторите на натпреварите за густиот натпреварувачки календар.

Барселона, 22 април 2021 (МИА) – Тренерот на Барселона, Роналд Куман ги критикуваше организаторите на натпреварите за густиот натпреварувачки календар.

– Бројот на натпревари е неверојатен, играчите мораа да одиграат многу натпревари. Сите зборуваат за Суперлигата, Лигата на шампионите…. Но, УЕФА не обрнува внимание на бројот на одиграни натпревари од играчите. Единствено што им е важно парите. Така е и во шпанската Ла Лига, изјави Куман.

Реакцијата на холандскиот фудбалски стручњак доаѓа во време на турбуленции во европскиот фудбал предизвикани од формирањето на Европската Суперлига и по само два дена стопирање на проектот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close