0_Спорт.ПорталФудбал

Куман не му дозволи на Фирпо да си замине од Барселона поради неуспешниот трансфер на Гарсија

Тренерот на Барселона, Роналд Куман го блокираше трансферот на дефанзивецот Жуниор Фирпо во друг клуб.

Барселона, 30 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Барселона, Роналд Куман го блокираше трансферот на дефанзивецот Жуниор Фирпо во друг клуб.

Претходно беше објавено дека каталонскиот тим е подготвен да го ослободи 24-годишниот играч, но Куман реши да не го пушта, откако стана јасно дека нема да биде можно да се потпише со Ерик Гарсија од Манчестер сити во текот на зимата.

Фирпо го бараа Саутемптон, Милан и Гранада. Англискиот клуб сакаше да го изнајми за милион евра, но на крајот тој најверојатно ќе остане на „Камп Ноу“.

Фирпо оваа сезона играше само четири пати во Ла Лига. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close