0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Куман може да ја напушти Холандија поради Барселона

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман може да ја напушти функцијата, пренесува „Ел Мундо Депортиво“. Стручњакот сака да ја предводи Барселона, која најверојатно наскоро ќе остане без кормилар.

Мадрид, 16 август 2020 (МИА) – Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман може да ја напушти функцијата, пренесува „Ел Мундо Депортиво“. Стручњакот сака да ја предводи Барселона, која најверојатно наскоро ќе остане без кормилар.

Од зима, Барса ја предводеше Кике Сетиен, кој го замени Ернесто Валверде. Под негово водство екипата ја загуби шампионската титула во однос на Реал Мадрид, а во Лигата на шампионите Каталонците беа елиминирани во четвртфиналето, убедливо губејќи од Баерн (2:8).

Куман беше поканет во Барса во зима по оставката на Валверде, но тогаш тој одби затоа што сакаше да биде со репрезентацијата на Холандија на ЕУРО 2020. Сепак, поради пандемијата на коронавирус, турнирот е одложен до 2021 година, а Куман сака да ја искористи последната, според него, шанса да го предводи својот поранешен тим.

Тој ги бранеше боите на Барселона од 1989 до 1995 година како фудбалер, а од 1998 до 2000 година работеше во клубот помагајќи му на тренерот Луис ван Гал.

Во Шпанија, тој работеше со Валенсија во сезоната 2007/08 и го освои Националниот куп. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close