0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Куман го освои првиот трофеј како тренер на Барселона

Фудбалерите на Барселона го освоија Купот на Шпанија, откако синоќа во финалето одиграно во Севиља го победија Атлетик Билбао со 4:0. Головите ги постигнаа Антоан Гризман, Френки де Јонг и Лионел Меси (два). За Роналд Куман ова е прв трофеј како тренер на каталонскиот гигант. Тој за шеф на стручниот штаб на Барселона беше поставен во август 2020 година.

Севиља, 18 април 2021 (МИА) – Фудбалерите на Барселона го освоија Купот на Шпанија, откако синоќа во финалето одиграно во Севиља го победија Атлетик Билбао со 4:0. Головите ги постигнаа Антоан Гризман, Френки де Јонг и Лионел Меси (два). За Роналд Куман ова е прв трофеј како тренер на каталонскиот гигант. Тој за шеф на стручниот штаб на Барселона беше поставен во август 2020 година.

Куман има 10 трофеи како играч на тимот од „Камп Ноу“.

Во тековната сезона во Ла Лига, Барселона е на третото место, со два бода помалку од водечкиот Атлетико Мадрид на осум кола до крајот.

Во Лигата на шампионите, Каталонците беа елиминирани од Пари Сен-Жермен во осминафиналето.

Барселона загуби и во финалето на шпанскиот Суперкуп, токму од Атлетик. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close