0_Спорт.ПорталФудбал

Куман би сакал да го види Лукаку во Барселона, а не Халанд

Предводникот на Барселона, Роналд Куман би сакал да го ангажира напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, во летниот преоден рок, објави на Твитер новинарот Франческ Агилар.

Барселона, 14 март 2021 (МИА) – Предводникот на Барселона, Роналд Куман би сакал да го ангажира напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, во летниот преоден рок, објави на Твитер новинарот Франческ Агилар.

Според изворот, 57-годишниот тренер смета дека трансферот на Белгиецот за клубот ќе биде поефикасен, отколку купување на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Дваесетгодишниот Норвежанец е желба на претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта.

Треба да се напомни дека Интер не планира да се раздели од Лукаку. Овој 27-годишен фудбалер оваа сезона одигра 25 натпревари во Серија А, постигнувајќи 18 погодоци и осум асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close