0_Спорт.ПорталФудбал

Куман: Ако сакаме повеќе, мора да купиме нови играчи, ако никој не дојде, ќе останеме на ова ниво

Тренерот на Барселона, Роналд Куман смета дека е потребно да се засили составот за да се постигнат подобри резултати.

Барселона, 24 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Барселона, Роналд Куман смета дека е потребно да се засили составот за да се постигнат подобри резултати.

– Мојот став е познат. Немаме доволно играчи, но економската состојба во клубот има влијание. Мислам дека сите мислиме на ист начин. Ако никој не дојде, јас ќе го прифатам тоа и ќе продолжиме да настапуваме како што правиме сега. Ако сакаме повеќе, тогаш мора да купиме играчи, изјави Куман.

Барселона моментално е рангирана на 4. позиција во поредокот во Ла Лига со 34 бода по 18 натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close