0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Куман ја коментираше лошата форма на Меси

Меси ги шокираше управата и навивачите на Барселона со неговата официјално изразена желба да си замине. Откако стана јасно дека тоа нема да се случи без долга судска битка, Аргентинецот се согласи да остане до крајот на неговиот договор, кој истекува во летото 2021 година.

Тарагона, 13 септември 2020 (МИА) – Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман ја коментираше формата на sвездата на тимот Лионел Меси по победата над Гимнастик де Тарагона од 3:1 во контролна средба. Според Холанѓанецот, Меси, како и другите играчи, е далеку од неговата најдобра физичка состојба.

– Досега многу работевме на физичката подготвеност на тренинзите и време е да обрнеме внимание на тактиката. Меси покажа добар дух. Тој тренира добро, не заборави да го стори истото на неговиот слободен ден. Тој одлично разбира дека треба да ја подобри својата форма. Неговите квалитети зборуваат сами за себе, рече Куман, цитиран од „Марка“.

Меси ги шокираше управата и навивачите на Барселона со неговата официјално изразена желба да си замине. Откако стана јасно дека тоа нема да се случи без долга судска битка, Аргентинецот се согласи да остане до крајот на неговиот договор, кој истекува во летото 2021 година.

Таг
Back to top button
Close
Close