0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Културните манифестации Општина Гевгелија ќе ги поддржи со четири милиони денари

Општина Гевгелија годинава со четири милиони денари од сопствениот буџет ќе поддржи 36 културни програми, проекти и манифестации за кои аплицираа повеќе културни институции, здруженија на граѓани, невладини организации и поединци.

Гевгелија, 31 јануари 2020 (МИА) – Општина Гевгелија годинава со четири милиони денари од сопствениот буџет ќе поддржи 36 културни програми, проекти и манифестации за кои аплицираа повеќе културни институции, здруженија на граѓани, невладини организации и поединци.

Финансиски ќе бидат подржани гевгелиски брендирани културни манифестации како „Смоквијада“, меѓународниот натпревар за млади пијанисти, „Распеана чаршија“ фестивалите СРВ и БОШ, како и хорски и фолклорни активности, детски музички фестивали, театарски претстави и самостојни изложби на ликовни уметници.

Со поддршка од општински пари годинава за прв пат во Гевгелија ќе бидат организирани интернационалниот фестивал „Арт фест“, летниот  фетивал „Ѕуница“ и фестивалот за поетска фузија „Зорници“.

– Селектирани се квалитетни и оригинални проекти и манифестации со разновидни културни содржини кои ќе ги дефинираат целите што ќе придонесат за поголем културен развој и побогат културен живот во општина Гевгелија во 2020 година, велат од општината. им/сст/

Back to top button
Close
Close