Дописници МКДКултураОпштински вести

КУД „Рацин“ Кичево го одржа традиционалниот годишен концерт

На летната сцена на Центарот за култура, вечерва традиционалниот годишен концерт го одржа КУД „Рацин“ Кичево. На концертот настапи оркестарот на друштвото и неговите солисти, додека фолклорната група не настапи поради пандемијата со коронавирусот.

Кичево, 25 мај 2021 (МИА) – На летната сцена на Центарот за култура, вечерва традиционалниот годишен концерт го одржа КУД „Рацин“ Кичево. На концертот настапи оркестарот на друштвото и неговите солисти, додека фолклорната група не настапи поради пандемијата со коронавирусот. Концертот се одржа според сите протоколи за заштита од Ковид 19, соопшти Мазлам Османи, директор на Центарот за култура.

– Годишниот концерт на КУД „Рацин“ Кичево, беше првиот музички настан одржан оваа година во Центарот за култура. Програмата се состоеше од повеќе орски изведби на оркестарот на друштвото и со изведба на гајда на член на друштвото. Неколку музички нумери беа изведени од страна на солистите и воедно членови на друштвото Даниел Пејоски и Маја Крстеска. Ова е колоквиум пред најголемиот испит кој летово не очекува а тоа е Меѓународниот фолклорен фестивал на ора и песни Др“ Владимир Полежиноски“, рече Османи и додаде дека денешниот концерт е вовед пред уште еден музички настан кој ќе се одржи на 28 мај, кога истовремено на едно пијано ќе музицираат двајца пијанисти, гости од странство.

Инаку вечерва на годишниот концерт беа присутни стотина посетители. за/ир

Back to top button
Close
Close