0_Магазин.ПорталЗанимливости

Кучето на Џо Бајден повторно гризна човек

Да, Мејџор гризна човек и тој беше прегледан од Медицинската служба во Белата куќа. Жртвата не е сериозно повредена и се врати на работа, изјави Лароса.

Вашингтон, 31 март 2021 (МИА) – Германскиот овчар Мејџор, инаку сопственост на американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил, повторно касна човек, потврди Мајкл Лароса – гласноговорник на г-ѓа Бајден.

Немилиот настан се случил на јужниот тревник на Белата куќа во понеделникот вечерта, при што бил повреден вработен во Националниот парк. – Да, Мејџор гризна човек и тој беше прегледан од Медицинската служба во Белата куќа. Жртвата не е сериозно повредена и се врати на работа, изјави Лароса.

Според него, кучето на претседателскиот пар „сè уште се навикнува на новата средина“. Претседателот на Соединетите држави и неговата сопруга имаат две овчарски кучиња – Чемп, кое има 13 години и тригодишното Мејџор.

Двете кучиња влегоа во Белата куќа неколку дена откако Бајден ја презеде функцијата претседател во јануари. На почетокот на март, откако Мејџор нападна еден од чуварите на Белата куќа, кучињата беа испратени во семејната куќа на претседателскиот пар во Делавер. Во Вашингтон се вратија пред една седмица.

Како што потврди и гласноговорничката на Белата куќа, Џен Псаки, медицинскиот персонал во претседателската резиденција му помагал на повредениот чувар и тој не е сериозно поведен.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close