Svet.SlajderСветСвет.Портал

Куба испрати медицински тимови во Италија

Куба испрати тим од 52 лекари и медицински сестри во Италија, од кои некои беа вклучени во борбата против ебола во Африка, за да и помогнат на европската земја со највисока стапка на смртност во борбата против Ковид-19.

Хавана, 22 март 2020 (МИА) – Куба испрати тим од 52 лекари и медицински сестри во Италија, од кои некои беа вклучени во борбата против ебола во Африка, за да и помогнат на европската земја со највисока стапка на смртност во борбата против Ковид-19.

Дестинацијата на овој тим, која вчера пристигна во Италија, е регионот на Ломбардија, провинцијата која е најмногу погодена од коронавирусот. За еден месец во Италија, 4.825 луѓе починаа како резултат на оваа пандемија.

Со приходи од 6,3 милијарди американски долари во 2018 година, извозот на медицински услуги, покрај туризмот, се еден од моторите на кубанската економија, покажуваат официјалните податоци. ссм/

Back to top button
Close
Close