0_Македонија.ПорталОпштество

КСС: Инспекторите да ги засилат контролите на спроведувањето на мерките за заштита од Ковид-19

Инспекциските служби треба секојдневно да бидат на терен и со засилени контроли да постапуваат по однос на спроведување на мерките за ефикасно справување и заштита од Ковид-19 поради зголемениот број работници заболени на своето работно место, соопштија од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС).

Скопје, 13 август 2020 (МИА) – Инспекциските служби треба секојдневно да бидат на терен и со засилени контроли да постапуваат по однос на спроведување на мерките за ефикасно справување и заштита од Ковид-19 поради зголемениот број работници заболени на своето работно место, соопштија од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС).

Посочуваат дека не се само здравствените работници под удар и влијание од вирусот, туку дека и работниците во останатите дејности се исто така засегнати. Од друга страна, нагласуваат од КСС, надлежните институции не вршат доволна контрола во компаниите за да констатираат неправилности поврзани со безбедност и заштита при работа.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати бараат заболувањето од Ковид-19 да биде признаено како професионално заболување за сите работни места и усогласено во Правилникот за листата на професионални болести, со што ќе им следуваат законските можности: да имаат можност во полн износ од платата, отсуството од работното место да биде заведено како професионално заболување, доколку се појават одредени компликации, тие да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција и работникот да може да ги користи бенефитите на системот за лекување на последиците по враќањето на работното место. рп/са/

Back to top button
Close
Close