0_Македонија.ПорталЕкономија

КСС: Ќе се спротиставиме на селективната реформа во јавниот сектор

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска по повод вчерашната изјава на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски јавно ја праша Владата зошто е потребно да се прави трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор кога во изминатите неколку години, како што наведуваат, се вработени над 40 илјади административци. 

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најавува дека ќе се спротистави на, како што соопшти денеска, нетранспаретната и селективна реформа на јавната администрација.

По вчерашната изјава на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за транферот на вработени од јавен во приватен сектор КСС во реакција ја прашува Владата зошто е потребно да се прави тоа кога во изминатите неколку години, како што наведуваат, се вработени над 40 илјади административци.

Според КСС, ваквата идеја на „мала врата“ ќе се реализира и преку неодамна потпишаниот Колективен договор за јавен сектор каде има одредби во кое е пропишано како ќе се изврши трансферот од јавен во приватен сектор.

Од КСС велат дека не е точно оти ги немаат доставено и предлозите за предвремено пензионирање на дел од администрацијата, со што би се пренасочиле парите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и со што би се намалил бројот на администрацијата. бак/лв/

Back to top button
Close
Close