
Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода денеска во салата на Советот на Општината ќе спроведе крводарителска акција во соработка со Црвениот крст.
Локалната самоуправа ги повикува сите хумани граѓани кои се во можност, да се приклучат на акцијата што ќе трае од 11 до 15 часот, да даруваат крв и да спасат нечиј живот. вј/бак/