Општински вестиСкопје

Крводарителска акција во Општина Илинден

Во организација на Црвениот крст на Македонија и Општина Илинден, во домот на култура „Илинден“ успешно се реализираше традиционалната крводарителска акција што секоја година се одржува во месец февруари, информираат од Општина Илинден.

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Во организација на Црвениот крст на Македонија и Општина Илинден, во домот на култура „Илинден“ успешно се реализираше традиционалната крводарителска акција што секоја година се одржува во месец февруари, информираат од Општина Илинден. Од таму потенцираат дека преку дарувањето на драгоцената течност својата хуманост и солидарност ја покажаа 50 крводарители од Општината.

Според претставниците на Црвениот крст, граѓаните од Општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост и солидарност, преку дарувањето на крв да спасат нечиј живот, свесни дека секоја дадена капка од оваа драгоцена течност некому многу значи. Крвта е незаменлив лек, секојдневно потребна за да се продолжат многу животи. оџ/са/

Back to top button
Close
Close