Дописници МКДОпштински вести

Крводарителска акција во Кавадарци, крв даруваа и пожарникари

Дваесет и четири крвни единици беа собрани во денешната крводарителска акција, која беше во организација на Црвен крст - Кавадарци. Крв даруваа и пожарникари од Територијалната противпожарна единица од овој град.

Кавадарци, 28 јануари 2020 (МИА) – Дваесет и четири крвни единици беа собрани во денешната крводарителска акција, која беше во организација на Црвен крст – Кавадарци. Крв даруваа и пожарникари од Територијалната противпожарна единица од овој град.

– Пожарникарите и претходно имаат дарувано крв. Овие луѓе кои вршат хумана работа, преку крводарувањето дополнително ја покажуваат својата хуманост. Учествуваме во сите хуманитарни акции за помош на оние на кои им е неопходна. Така ќе продолжиме и во иднина. Упатуваме апел до сите, да даруваат крв и да спасат живот, рече Александар Чадамов, командир на единицата.

Доктор Лујза Димитрова од Институтот за трансфузиологија изјави дека ова е една од планираните крводарителски акции на годишно ниво.

– Убаво е секој да даде крв, да спаси живот. На секој, можеби некогаш би му била потребна. Во Кавадарци е зголемен сообраќајот, преку еден од младите вози. Исто така се раѓаат голем број бебиња, околу 500-600 годишно. Мора да се превенира. Крвта ни е многу потребна. Кавадарчани и росоманци се одлични крводарители и мило ми е поради тоа. Има доволно резерви на крв во државата, но секогаш е потребно да има повеќе, нагласи Димитрова.

Секретарот на општинската организација на  Црвен крст, Розе Илова информираше дека  2019 година заврши со рекордни 2.120 крвни единици, многу повеќе од планираните 1.184 единици. свд/фф/

Back to top button
Close
Close