Дописници МКДОпштински вести

Крводарителска акција во Кавадарци

Вкупно осумнаесет крвни единици беа собрани во денешната крводарителска акција во Кавадарци, во која крв даруваа полицајци. Настанот беше реализиран од кавадаречкиот Црвен крст, Полициска станица од општа надлежност Кавадарци и Гранична полиција, регионален центар Југ.

Кавадарци, 11 март 2020 (МИА) – Вкупно осумнаесет крвни единици беа собрани во денешната крводарителска акција во Кавадарци, во која крв даруваа полицајци. Настанот беше реализиран од кавадаречкиот Црвен крст, Полициска станица од општа надлежност Кавадарци и Гранична полиција, регионален центар Југ.

-Безбедност и хуманост на едно место. Во просториите на полициската станица,  вработените и овој пат како и во годините наназад,  ја покажаа својата хуманост и солидарност кон болните и повредените,  дарувајќи крв. Акцијата ја изведe екипа од Институтот за трансфузиона медицина на РСМ-Скопје, рекоа од Црвен крст.

Оттаму упатија голема благодарност до вработените од безбедносните служби на овие две институции.

-Тие, покрај својата редовна работа, одржување на безбедноста на граѓаните, секоја година преку две крводарителски акции во годината, обезбедуваат и околу 50 единици крв, даваат поддршка  и помош на граѓанството од Кавадарци, Росоман и пошироко во државата, а со тоа хуманоста кај овие луѓе од година во година се повеќе се зголемува, нагласија од Црвен крст Кавадарци. свд/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close