0_Македонија.ПорталОпштински вестиСкопје

Крводарителска акција во Аеродром „Вашата крв спасува живот, придружете ни се“

Општина Аеродром и Црвен крст на Кисела Вода денеска во периодот од од 9:00 до 13:30 часот организираат крводарителска акција во просториите на Општината.

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Општина Аеродром и Црвен крст на Кисела Вода денеска во периодот од 9 до 13:30 часот организираат крводарителска акција во просториите на Општината.

Кон акцијата, како што соопштија од Општината, ќе се придружат дел од вработените, како и градоначалникот Златко Марин, како мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин.

Општината ги поканува сите заинтересирани хумани луѓе и крводарители да се вклучат во акцијата за дарување крв и да помогнат во спасување нечиј живот. сст/бк/

 

Back to top button
Close
Close