Дописници МКДОпштински вести

Крводарителска акција со припадниците на Регионалниот центар за гранични работи во Делчево

Во Делчево денеска се реализираше втората крводарителска акција за 2020 година. Акцијата, како што информираше Ивана Атанасовска од делчевскиот Црвен крст се одвиваше во два дела. Во првиот дел, како што додаде, учествуваа припадниците на полицијата и Регионалниот центар за гранични работи, додека во вториот дел од акцијата крв даруваа граѓаните.

Делчево, 6 февруари 2020 (МИА) – Во Делчево денеска се реализираше втората крводарителска акција за 2020 година. Акцијата, како што информираше Ивана Атанасовска од делчевскиот Црвен крст се одвиваше во два дела. Во првиот дел, како што додаде, учествуваа припадниците на полицијата и Регионалниот центар за гранични работи, додека во вториот дел од акцијата крв даруваа граѓаните.

– Крводарителската акција се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Штип, кои одлично си ја завршија задачата. Во првиот дел од акцијата со припадниците на полицијата и Регионалниот центар за гранични работи беа собрани 23 крвни единици, додека во вториот дел од акцијата со граѓанството вкупно 40 крвни единици, рече Атанасовска.

Од Црвен крст Делчево изразија благодарност до сите кои дадоа свој придонес во реализирањето на денешната акција. Ги информираа сите кои дарувале крв над 25 пати да се пријават во Општинската организација Црвен крст Делчево заради доделување благодарници и признанија за најхуманите.

Во февруари во општините од регионот крводарителски акции, како што информираа од Црвен крст, се планирани во Берово, Пехчево и Македонска Каменица. вс/мд/

Back to top button
Close
Close