0_Македонија.ПорталГраѓански секторДописници МКД

Крводарителна акција во земјоделското училиште во Тетово

Дванаесет единици крв се собраа при денешната крводарителска акција во средното стручно училиште „Моша Пијаде" во Тетово, која ја организираа Општинската организација на Црвениот крст во Тетово и Центар за Трансфузиона Медицина од Тетово - Македонија. Акцијата беше еднодневна и траеше од 9.00 до 15.00 часот.

Тетово, 6 март 2020 (МИА) – Дванаесет единици крв се собраа при денешната крводарителска акција во средното стручно училиште „Моша Пијаде” во Тетово, која ја организираа Општинската организација на Црвениот крст во Тетово и Центар за Трансфузиона Медицина од Тетово – Македонија. Акцијата беше еднодневна и траеше од 9.00 до 15.00 часот.

– Наредната недела се планираат две нови акции за дарување крв. Во вторник 10 март акцијата е во средното стручно училиште „Ѓоце Стојчески” од 13.00 до 16.00 часот. Во петок 13 март, акција од 10.00 до 13.00 часот ќе има во полициската станица во Тетово, информира Шклќим Мурати, секретар на тетовскиот Црвен крст.

Минатиот месец 60 единица крв се собраа од вработените и припадници на Армијата стационирани во касарната „Кузман Јосифоски-Питу“.ас/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close