Дописници МКДОпштински вести

Крушево ја разубавува улицата на Тоше

Крушево почна со уредувањето на улицата „Тодор Проески“ во центарот на градот. Се засадија дрвца со што се спроведе првата фаза од уредувањето на дел од улицата.

Крушево, 21 мај 2020 (МИА) – Крушево почна со уредувањето на улицата „Тодор Проески“ во центарот на градот. Се засадија дрвца со што се спроведе првата фаза од уредувањето на дел од улицата.

Членките на здруженијата од платформата за развој на туризмот ќе продолжaт со засадување цвеќиња, а општина Крушево почна да инсталира систем за озвучување од кој 24 часа ќе се слушаат песните на Тоше Проески.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, градот сака да ја разубави улицата и со песните што се слушаат да се зачува споменот на Тоше.

-Оваа улица сакаме да ја разубавиме и да атрактивна за посетителите на нашиот град. За тоа посебно се ангажираа волонтерите, особено членките на здруженијата „Центар за хумани односи“, „Крушевска жена“ и Здружението за туризам и за угостителство, вели Христоски. ем/мч/

Back to top button
Close
Close