0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Крушевчанец приведен за грабежот на банка во Крушево

Едно непознато лице со закана со пиштол вчера одзело пари од вработени во банка во Крушево. 

Скопје, 20 август 2020 (МИА) – Едно непознато лице со закана со пиштол вчера одзело пари од вработени во банка во Крушево.

Како што се наведува во дневниот билтен на МВР, случајот вчера во 16:25 часот во Полициска станица Крушево го пријавил П.Т. (36) од Крушево.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп.

– По наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп извршен е претрес во дом и помошни простории кои ги користи Т.С.(51) од Крушево, а Т.С. бил приведен во полициска станица во врска со случајот, се наведува во МВР-билтенот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. мд/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close