0_Спорт.ПорталФудбал

Круниќ најмалку еден месец надвор од теренот поради скршеница

Играчот од средниот ред на Милан, Раде Круниќ ќе пропушти барем еден месец поради скршеница на десната нога, пренесува прес-службата на клубот.

Милано, 8 февруари 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Милан, Раде Круниќ ќе пропушти барем еден месец поради скршеница на десната нога, пренесува прес-службата на клубот.

Ренген снимките покажале фрактура на третата метатарзална коска на десното стапало.

Фудбалерот се повреди на еден од последните тренинзи пред утрешното градско дерби со Интер.

Предвиднео е играчот да помине низ традиционален третман без операција. За еден месец, Круниќ ќе мора на контролно снимање за да се утврди дали коската зараснала.

Од почетокот на сезоната, 26-годишниот Босанец постигна еден гол и една асистенција на 18 натпревари во сите натпреварувања. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close