Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Круемади: Опозицијата ја презеде одговорноста, сега ред e на владата да ги исполни условите на Бундестагот

Лидерката на опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ) Моника Круемади, во првата реакција по постигнатиот договор за изборните реформи меѓу власта и опозицијата, порача дека опозицијата ја презела одговорноста и оти сега редот e на Владата да ги исполни условите на Бундестагот.

Тирана,15 јануари 2020 (МИА) – Лидерката на опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ) Моника Круемади, во првата реакција по постигнатиот договор за изборните реформи меѓу власта и опозицијата, порача дека опозицијата ја презела одговорноста и оти сега редот e на Владата да ги исполни условите на Бундестагот.

Според неа, треба да се преземат сеопфатни чекори и дијалог за да се постигне изборна реформа која ќе гарантира фер и слободни избори.

Понатаму додава дека со постигнувањето на договорот, кој е еден од деветте точки на германскиот Бундестаг, на владата и останува да работи за да ги сполни останатите осум точки.

„Од сега одговорност е на ова мнозинство да го исполни условот да се изведат пред лицето на правдата крадците на гласови, досиејата 184 и 339. Одговорност на мнозинството е да даде примери за борба против нејзината корупција“, вели Круемади.

Посочува дека европската интеграција на Албанија не може да биде жртвувана од која било причина.

-Сеопфатноста и политичкиот дијалог се единствените начини на кои можеме да ги спроведеме потребните реформи за Албанија и Албанците. Значи, без губење време, ние мора да донесеме изборна реформа која им овозможува на албанските граѓани да имаат право да изберат слободно, без притисок на банди, заплашување со работното место и под закана од власта, нагласува Круемади.

По долгата и длабока политичка криза во која западна Албанија, за првпат претставници на владеачкото мнозинство и опозицијата вчера седнаа на заедничка маса и тоа околу изборните реформи што ги бара ЕУ. При тоа се договорија дека ова прашање треба да биде заокружено до 15март годинава.вт/сд/

Back to top button
Close
Close