КултураКултура.Портал

„Крстна коска“ на Сарџоска објавена во Италија

Поетската книга „Крстна коска“ на Наташа Сарџоска, преведена на италијански јазик е објавена во Милано.

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Поетската книга „Крстна коска“ на Наташа Сарџоска, преведена на италијански јазик е објавена во Милано.

Книгата ќе биде промовирана на саемите за книга во Милано во април 2020, како и на најголемиот саем за книга во Италија во Торино во мај.

Италијанската промоција ќе се одржи на 14 март во Националната библиотека во Рим заедно со италијанскиот поет Лука Бенаси и гитаристот Франко Тоде.

Македонската промоција на „Крстна коска“ се одржа во МКЦ и во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје и во галеријата 365 во Охрид минатата година. см/са/

Back to top button
Close
Close