Дописници МКДОпштински вести

Крпење ударни дупки во Кратово

Во општина Кратово во тек се градежни активности за санација на ударните дупки во централното градско подрачје.

Крива Паланка, 11 септември 2020 (МИА) – Во општина Кратово во тек се градежни активности за санација на ударните дупки во централното градско подрачје.
– Општина Кратово врз основа на утврдената фактичка состојба на терен од страна на стручните служби во општината и по реакција на граѓаните започна со изведување работни активности за асфалтирање, санација и крпење на ударните дупки на улиците во градот, информираат од Општината и додаваат дека според планираното наредните неколку дена треба да завршат предвидените активности.
Апелираат до жителите на општината за соработка и трпение во периодот додека се изведуваат градежните работи,
Изведувач на работите е фирмата „Ленди Груп“ од Скопје,а за активностите се издвоени над еден милион денари од општинскиот буџет.ид/скс/

Back to top button
Close
Close