0_Спорт.ПорталФудбал

Крос: Шпанските клубови не се полоши од англиските или германските, претходно, Реал Мадрид победуваше со 4:0 или 5:0 во Ла Лига, сега тоа е реткост

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос, ја коментираше перцепцијата дека се намалило нивото на учинок на шпанските тимови во европските натпреварувања во последните години.

Мадрид, 24 февруари 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос, ја коментираше перцепцијата дека се намалило нивото на учинок на шпанските тимови во европските натпреварувања во последните години.

– Долги години шпанските клубови победуваа во Европа, но сега не. Нормално е тимовите што освоија многу трофеи да имаат тешки периоди, но не може да се каже дека шпанските клубови се полоши од англиските или германските. Секоја година сите се бориме да победиме. Општото ниво на шпанските тимови е добро, и оваа сезона. Оваа година е многу тешко да се победи во Ла Лига. Минатите години можевме да победиме со 4:0 или 5:0. Сега ова е редок резултат, рече Крос.

Вечер мадридскиот клуб ќе игра против Аталанта во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Средбата во Бергамо ќе стартува во 21 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close