Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Кризниот штаб во Куманово ги повика граѓаните да ги почитуваат препораките на Владата

Граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките на Владата, да се почитува забраната за движење во шуми, повикаа денеска од општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово кои го одржаа 85-тиот состанок. Оттаму информираа дека сè уште има пожар на потегот кај Јачинце.

Куманово, 5 август 2021 (МИА) – Граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките на Владата, да се почитува забраната за движење во шуми, повикаа денеска од општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово кои го одржаа 85-тиот состанок. Оттаму информираа дека сè уште има пожар на потегот кај Јачинце.

Општината ќе ги стави на располагање капацитетите и за поддршка на соседните општини.

– Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака да се почитуваат мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија, поточно, да се почитува забрана за движење во шумите и шумските појаси, како и забрана за палење на стрништа како превентивна. Од страна на штабот, ги информираме граѓаните дека на територија на општина Куманово, има еден пожар на потег од село Јачинце, село Довезенце и село Бељаковце, како и саниран пожар во мирување во село Мургаш и дека сите расположливи екипи за гасење на пожари, се упатени на наведените локации. Исто така, дополнителните расположливи тимови на ТППЕ Куманово, асистираат на соседните општини во регионот на Старо Нагоричане, соопштија од штабот.

На состанокот присуствувале и претставниците од институциите кои можат да помогнат со материјално технички и човечки ресурси за справување со пожарите. ам/цр

Таг
Back to top button
Close
Close