Дописници МКДОпштински вести

Кризен штаб Гостивар: Печалбарите ќе се пречекуваат со информативна кампања за КОВИД-19

Меѓуопштинскиот кризен штаб по денешниот состанок оцени дека состојбата со пандемијата во гостиварскиот регион е под контрола со четири новозаболени. Во еден од заклучоците беше наведено дека ќе се спроведе кампања за заштита од ширење на заразата, бидејќи во наредниов период ќе се зголеми ризикот од инфекции со доаѓањето на печалбарите и предизборните активности.

Гостивар, 23 јуни 2020 (МИА) – Меѓуопштинскиот кризен штаб по денешниот состанок оцени дека состојбата со пандемијата во гостиварскиот регион е под контрола со четири новозаболени. Во еден од заклучоците беше наведено дека ќе се спроведе кампања за заштита од ширење на заразата, бидејќи во наредниов период ќе се зголеми ризикот од инфекции со доаѓањето на печалбарите и предизборните активности.

Кризниот штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше, во кој членуваат преставници на повеќе институции денеска ги анализраа актуелните состојби со пандемијата. Во гостиварско има четири нови случаи од кои тројца во Гостивар и еден во Врапчиште.

На состанокот на штабот, беше потврдено дека една медицинска сестра од службата за брза помош имала симптоми и имала позитивен тест на КОВИД-19. Поради тоа 15 лица (сестри, лекари и возачи) викендов се испратени во излоација.

– Од утре започнуваат предизборните активности и потребна е поголема внимателност и почитување на мерките за заштита. Во овој период очекуваме и печалбарите да дојдат во родниот крај и за нив планираме да организраме кампања со која ќе ги едуцираме и информираме за опасностите од пандемијата и корона вирусот. На тој начин сите заедно ќе покажеме грижа за јавното здравје, рече Арбен Таравари по 20тиот состанок на кризниот штаб.

Моментно има 48 активни случаи (29 во Гостивар, 15 во Врапчиште и четири во Маврово и Ростуше). На болничко лекување се наоѓаат девет лица. Во списокот на оздравени од денес се наоѓаат четири лица, а во текот на утрешниот ден се очекува официјална потврда дека се излекувани за уште шест лица.

Во гостиварско, од почетокот на пандемијата има 87 инфицирани, а меѓу нив се и 12 медицински лица. Како последица од инфицирањето со корона вирусот и пропратни хронични болести починати се седум лица. згм/аа/

 

Back to top button
Close
Close